Нови хоризонти во психолошката наука и практика

Меѓународна научна конференција по повод 50 години Институт за психологија

3-5 ЈУНИ 2024 | СКОПЈЕ

Почитувани колешки и колеги, 

Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје оваа година ја одбележува 50-годишнината од своето постоење. Со особена чест и задоволство ве покануваме да учествувате на научната конференција што ја организираме по повод овој значаен јубилеј.

ВАЖНИ ДАТУМИ

1 мај 2024 > Рок за пријавување апстракти (затворен)

10 мај 2024 > Повратна информација

15 мај 2024 > Рок за уплата на котизација

20 мај 2024 > Прелиминарна програма

ФОРМИ НА УЧЕСТВО

Усно изложување (10 мин + 5 мин дискусија)

Постер (димензии: 90×120 см)

Работилница (30-60 мин)

ОБЛАСТИ

Психологија на личноста, Развојна психологија, Сoцијална психологија, Психологија во образованието, Клиничка психологија, Психологија на трудот и организациите, Когнитивна психологија, Психолошки аспекти во другите науки, Друго

КОТИЗАЦИЈА

40 евра/2500 денари за сите учесници (активни или пасивни)

Студентите се ослободени од плаќање котизација

Поканети предавачи

Жан Десети

Емпатијата и моралноста

Професор по психологија и психијатрија на Универзитетот во Чикаго

Неговата научноистражувачка и наставна дејност е насочена кон социјалната когниција, особено кон моралноста, емпатијата, социјалното влијание и носењето просоцијални одлуки.

Ариел Кнафо-Ноам

Развој на емпатијата од детството до адолесценцијата

Професор по развојна психологија и раководител на Одделот за психологија при Еврејскиот универзитет во Ерусалим

Неговата работа во најголем дел е насочена кон ефектот на генетските и срединските фактори, како и кон нивното заемно влијание врз емпатијата и просоцијалното однесување.

Еран Халперин

Емоционалните процеси во воените конфликти: Како емоциите ги обликуваат нашите ставови и политики?

Професор на Одделот за психологија при Еврејскиот универзитет во Ерусалим

Во истражувањата применува психолошки и политички теории за проучување на каузалните фактори кои ги поттикнуваат интергрупните конфликти.

Поздравно обраќање

д-р Аманда Клинтон | Директорка на Канцеларијата за меѓународни односи на АПА

Пред тековниот ангажман во АПА, работела како професор на Универзитетот во Пуерто Рико, со примарен фокус кон културално приспособување на превентивни програми, социjално и емоционално учење и невропсихологија на билингвализмот.

Организатори

ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА, ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ, УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

ПРОГРАМСКИ ОДБОР

Проф. д-р Елена Ачковска Лешковска

Проф. д-р Николина Кениг

Проф. д-р Огнен Спасовски

Проф. д-р Орхидеја Шурбановска

Проф. д-р Виолета Арнаудова

Проф. д-р Михајло Поповски

Проф. д-р Вивиана Лангер (Универзитет Сапиенца, Италија)

Проф. д-р Сунчица Здравковиќ (Универзитет во Нови Сад, Србија)

Проф. д-р Мартин Долејш (Универзитет Палацки, Чешка)

Проф. д-р Наташа Ангелова (Југозападен универзитет „Неофит Рилски“, Бугарија)

Доц. д-р Михал Черешник (Паневропски универзитет, Словачка)

ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР

Проф. д-р Ана Фрицханд

Проф. д-р Билјана Блажевска Стоилковска

Проф. д-р Катерина Наумова

Доц. д-р Маја Корубин Ќорлука

Секретар

проф. д-р Калина Сотироска Иваноска

Контакт

50psi@fzf.ukim.edu.mk

AI AGENT

Open a chat in a new window