Пријавување апстракти

Пријавувањето апстракти е затворено. Повратна информација до авторите: 10 мај 2024

Апстрактoт треба да го следи форматот дефиниран од АПА и да вклучува:

Наслов: не подолг од 15 зборови (напишан во формат на реченица, со голема прва буква).

Податоци за авторот/ите: име и презиме, звање, институција во која работи, град и држава.

Текстот не треба да биде подолг од 250 зборови и треба да ги содржи истражувачкиот проблем; податоци за испитаниците (број, возраст, пол, етничка припадност); особености на методологијата на истражувањето; резиме на наодите; заклучоци и импликации/примена.

Доколку се пријавува прегледен труд апстрактот треба да содржи опис на проблемот и целите, основни постулати, заклучоци и импликации.

Доколку се пријавува стручен труд апстрактот треба да содржи цел, опис и резултати од примена на интервенцијата, како и препораки за нејзино подобрување.

Доколку се пријавува работилница апстрактот треба да содржи опис на целите и на активностите, очекувани исходи, оптимален број на учесници и планирано времетраење.

Клучни зборови: се наведуваат три до пет.

Апстрактот не треба да содржи табели, графици или референци.

Апстрактите се пријавуваат на македонски и на англиски јазик.

Важни информации

Еден автор може да пријави најмногу два труда, а на еден од нив може да биде прв или единствен автор.

Пријавените апстракти ќе бидат рецензирани од страна на двајца рецензенти, по што авторите ќе добијат известување за прифаќање на апстрактот.

Трудовите ќе се соопштуваат во траење од 15 минути: 10 минути за презентација и 5 минути за прашања и дискусија.

Официјални јазици на конференцијата се македонски јазик и англиски јазик.